Mehanizmi na održuvanje na megunarodniot mir i bezbednost (Makedonski)
Vrsta: Diplomski | Broj strana: 43
МЕХАНИЗМИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ МИР И БЕЗБЕДНОСТ
В О В Е Д
Во текот на изминатите неколку години енормната
идеолошка бариера која со декади ги покачува недовербата и непријателството
како и“страшните” алати на деструкција кои беа неразделни партнери според многу
аналитичари имаат помала специфична тежина во однос на оние од периодот на
Студената војна, кои во таков размер сеуште претставуваат алтернатива за
несигурност.Ова бара приближување на разликите меѓу Исток и Запад и нивно
највисоко владино внимание со цел раѓање и создавање на нови можности од кои
некои и веќе се реализирани со цел на овозможување на заедничка безбедност и
сигурност. Етничките судари, радикалниот национализам и внатрешните конфликти
го творат меѓународното сценарио во кое главната ролја ја играат самите тие.
При тоа од страна на нееднаквиот економски развој, уништувањето на човековата
околина се создадоа нови услови со кои ќе се занимава меѓународната
дипломатија.
Авторитетните улоги се дадени на појаките и
поодговорните влади. Форматот , просторот и интензитетот на процесите кои
зафаќаат глобални рамки индицират еден глобален феномен. Паралелно со овие
политички промени многу земји бараат поотворени форми на економска политика,
креирајќи ја светската динамика и движења.
Во таа смисла новиот светски поредок упатува во
настојувањето да се инкорпорираат во системот на односи владеењето на правото и
мирното решавање на споровите, солидарноста против агресијата, смалувањето на
воените арсенали како и јакнење на Обединатите Нации со цел поставување на база
за траен мир и безбедност.
Бројот на земји кои со деколонизацијата се
здобија со својата слобода рапидно расте. Бројот на тие кои го заземаат местото
во Генералното собрание исто така расте.Нивното учество и доаѓање ја признава
релевантноста на суверените земји како фундаментален ентитет на меѓународната
заедница.
Влегуваме во ера на глобална транзиција
одбележана со контрадикторни трендови. Регионалните и континенталните
асоцијации учествуваат во ублажувањето на глобалните разлики помеѓу народите.
Националните граници полека се губат од страна на напредните комуникациски
односи како и трговијата каде што државите одлучуваат за создавање на нови
политички асоцијации. Но затоа пак во меѓувреме кохезијата помеѓу народите на
земјите е под удар на бруталните етнички , религиозни , социјални и културни
движења.Социјалниот мир предизвикан од дискриминаторните политики од една и
тероризмот од друга страна, со цел да се спречи еволуцијата и промената како и
транзицијата преку демократијата.
Концептот за мир може лесно да биде загрозен.
Додека големите сили почнаа да преговараат за намалувањето на нивната нуклеарна
сила, од друга страна пак во исто време расте и бројот на земји ,фракции и
движења кои се здобиваат со оружјето за масовно уништување. Препознавањето на
расизмот и етничките несогласувања се најчестите индикатори кои доведуваат до
покачувањето на тензиите, кои се разбира знаат да го изразат своето
несогласување само преку еден “јазик”, а тоа е јазикот на насилството.
Револуцијата и енормниот напредок во
комуникациите ги обединија земјите во борба против неправдите кои го демнат
светот. Затоа пак прогресот си го зема својот данок носејќи нови предизвици за
стабилноста како што се: еколошкото загрозување, дисрупција на социјалниот
живот, како и загрозувањето на животот и правата на индивидуите.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!